Линкови за пристапност

СДСМ предложи избори на 26-ти јуни


СДСМ предложи избори на 26-ти јуни
СДСМ предложи избори на 26-ти јуни

Министерот Милошоски коментираше дека однесувањето на СДСМ е непринципелно

По неуспехот на последната лидерска средба кај шефот на државата да се постигне согласност околу организирањето на предвремените избори, денеска опозициониот СДСМ истапи со понуда за компромис.

Во врска со најспорната точка на која заглавија разговорите, а што се однесува на одмрзнување на смеките на медиумите А1, Време, Шпиц и Коха е ре, социјал-демократите побараа гаранција од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и другите владејачки партии дека нема да се донесуваат нови и дополнитени барања и одлуки од страна на несудските органи како што е Управата за јавни приходи, се` до завршувањето на изборите. Како што соопшти водачот на СДСМ Бранко Црвенковски, партијата останува уверена во политичката мотивираност на судската одлука со која Кривичниот совет го потврди блокирањето на сметките на споменатите медиуми.

„Со оваа понуда паѓа во вода аргументот на Груевски дека не може и не сака да се меша во судските одлуки, освен ако преку ноќ Горан Трајковски не стане судија“, изјави Бранко Црвенковски.

Социјал-демократите се подготвени да се вратат во Собранието доколку добијат гаранција за нивното барање, по што во рок од 30 дена би се завршила и работата на прочистувањето на Избирачкиот список. Бранко Црвековски денска на прес конфереција предложи изборите да се одржат на 26-ти јуни.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, се` до испраќањето на овој извештај, немаа реакциија на понудата на социјал-демократите за излез од политичката криза во која се најде Македонија по одлуката на опозицијата да ја бојкотира работата на Собранието.

Премиерот Груевски денес е во Брисел на средба со комесарот за проширување Штефан Филе. На средбата, како што е најавено, се зборува и за актуелната политичка состојба во Македонија.

Дополнување (следнава информација пристигна по примањето на извештајот):

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, кој исто така е во Брисел, коментираше дека „самиот пристап да се условуваат предвремените избори од страна на оној политичар кој истите ги бараше не е принципиелно однесување“.

„Сериозно ќе го разгледаме излагањата и предлозите, се` со цел да не оставиме на никого изговор за преземање на политички чекори кои ќе наштетат на угледот на Република Македонија“, рече шефот на македонската дипломатија, кој најави дека партиските органи допрва ќе излезат со официјално соопштение и позиција.

XS
SM
MD
LG