Линкови за пристапност

Киргистан одби надворешна воена помош


Киргистан одби надворешна воена помош

Со други зборови, Русија ќе има многу разговори пред да реши дали ќе испрати војници во Киргистан

Киргистан објави тридневна жалост за жртвите од етничките нереди во оваа централно азиска држава при што загинаа 180 лица.

Претседателката на Киргистан Роза Отунбајева побара интервенција од руската армија веднаш штом избувна насилството. Во вторник таа кажа дека ниту Русија ниту Организацијата за колективна безбедност предводена од Москва нема да испратат војници. Таа рече дека има итна потреба од војници за да се спроведе воената диктатура.

Претседателката Отунбајева кажа дека воената состојба само звучи страшно, зашто во суштина значи постојани патролирања и физичко присуство, одреден број на војници, како воени и физички сили да претресуваат луѓе.

Русија испрати хуманитарна помош, но не и војници. Претседателот Дмитри Медведев рече дека поставил висок праг пред евентулна воена интервенција.

Тој појасни дека ако ситуацијата се влоши, не исклучува да свика средба на Организацијата за колективна безбедност или на шефовите за национална безбедност, па дури и специјален Самит на шефовите на држави на организацијата.

Со други зборови, Русија ќе има многу разговори пред да реши дали ќе испрати војници во Киргистан.

Независниот руски воен аналитичар Александер Коновалов рече дека Москва избегнува интервенција затоа што многу полесно ќе биде да се влезе отколку да се излезе од евентуална воена операција на странско тло.

Коновалов вели дека странски сили ќе бидат обвинувани за поддршка на една или друга страна и повлекувањето ќе оди тешко, затоа што најпрво ќе треба да се создаде состојба на стабилност. Коновалов подвлече дека класичната смисла на мировна мисија значи одделување на страните во конфликтот, создавање тампон -зона меѓу нив, што е невозможно каде луѓе од различни етнички заедници живеат едни до други.

Киргистан е членка на Организацијата за колективна безбедност и преодното лидерство на земјата се надева дека ќе испрати војници да го смират насилството. Но, мандатот на безбедносната алијанса предводена од Москва е борба против странска инвазија, а не внатрешни нереди.

Аналитичарите подвлекуваат дека членките на организацијата немаат заедничка политика. Ерменија на пример, нема интерес цо Централна Азија, а Белорусија го поддржува сменетиот киргистански претседател Курманбек Бакијев.

Воениот аналитичар Александар Голтс вели дека настаните во Киргистан покажале дека оваа организација е празна. Членките не се подготвени да се бранат едни со други, вели тој. Меѓу членките има ривалство, особено меѓу оние во Централна Азија, како и меѓу Русија и Белорисија. Голтс додава дека членките немаат ниту ресурси да се грижат за меѓусебната безбедност.

Аналитичарот Коновалов вели дека ако настаните во Киргистан се развиваат како изминатите денови, тогаш и онака слабата домашна економија ќе колабира. Тој вели дека Киргистан, како и Авганистан, ќе ја прошири неговата ролја во трговијата со дрога, подвлекувајќи дека транзитна земја низ која минува дрогата е Русија. Ова, вели тој, може да биде придружено со радикални исламистички идеи.

САД имаат воздухопловна база во близина на главниот град Бишчек во северен Киргистан. Базата се користи за снабдување на силите на НАТО во Авганистан.

САД исто така дискутираат за ситуацијата во Киргистан со Русија и со организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Америка веќе оддели околу еден милион долари за итни медицински намирници од фондот на амбасадата за вонредни ситуации. Русија и други земји исто така испратија хуманитарна помош во Киргистан.

XS
SM
MD
LG