Линкови за пристапност

Коњановски во Вашингтон на средба со Гејтс


Пред заминувањето од Вашингтон, Коњановски ќе положи венец на Споменикот на незнајниот јунак на гробиштата во Арлингтон, близу Вашингтон

Напредокот на Македонија во полето на одбраната, продлабочувањето на соработката со САД, учеството во мировните мисии, партнерството со армијата од сојузната држава Вермонт и унапредување на регионалната соработка се некои од темите на состанокот на македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски со секретарот за одбрана на САД Роберт Гејтс, во Пентагон. Извори блиски на министерот велат дека ќе стане збор и за поддшката од САД за Македонија пред претстојниот самит на НАТО, во Лисабон.

За подоцна во денот планирана е средба со републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој во 2008-ма беше претседателски кандидат на изборите во САД. Коњановски ќе има средби и со републиканскиот конгресмен Роберт Адехолт, како и со сенаторите Џо Либерман и Патрик Лехи.

Пред заминувањето од Вашингтон, Коњановски ќе положи венец на Споменикот на незнајниот јунак на гробиштата во Арлингтон, близу Вашингтон.

Во среда, македонската делегација предводена од министерот Коњановски, чиј дел е и началникот на Генералштабот Мирослав Стојановски, ќе отпатува за Отава, Канада, за средба со канадскиот министер за одбрана Питер Меккеј.

XS
SM
MD
LG