Линкови за пристапност

Кери: Ограничено време за разговори со Иран


Државниот секретар во Саудиска Арабија, во рамки на првата турнеја по странство откако е на функцијата.

Времето за преговори со Иран околу контроверзната нуклеарна програма на земјата е ограничено, тврди американскиот државен секретар Џон Кери.

Тој ова го изјави по разговорите со саудискиот министер за надворешни работи, принцот Сауд Ал-Фајсал во Ријад, кој се согласи дека „преговорите не можат траат вечно“.

На дневен ред на Кери беа и средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, две недели пред планираната посета на Израел, во чии рамки ќе го придружува претседателот Барак Обама.

Средбите во Саудиска Арабија се дел од првата турнеја на Кери по странство откако стапи на функцијата. Tој ќе ја заврши турнејата со посетите на Обединетите Арапски Емирати и Катар.

За време на посетата на Каиро викендов, американскиот шеф на дипломатијата најави дека САД ќе обезбедат 190 милиони итна помош за Египет, како дел од поголемиот пакет помош во висина од 450 милиони долари за поттикнување на клучните економски реформи.
XS
SM
MD
LG