Линкови за пристапност

Нова рунда разговори за Иран, без големи очекувања


Претставници на шест светски сили и Иран разговараат за иранската контроверзна нуклеарна програма, во Казахстан.

Официјални лица од шест држави и од Иран се на средба на која се дискутира за контроверзната иранска програма за производство на нуклеарно оружје, во најнов обид да се реши децениска загриженост дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје.

Американскиот државен секретар Џон Кери го поттикнува Иран да се придвижи кон наоѓање на дипломатско решение за своите нуклеарни амбиции.

Средбата од вторник во Алмати, Казахстан, ја вклучува таканаречената група на нации П5+1 – САД, Бриранија, Франција, Русија, Кина и Германија – и не се очекува да донесе голем пробив по прашањето.
XS
SM
MD
LG