Линкови за пристапност

САД: Иран со мали шанси да иницира конфликт во нуклеарниот спор


САД: Иран со мали шанси да иницира конфликт во нуклеарниот спор
САД: Иран со мали шанси да иницира конфликт во нуклеарниот спор

Беше подвлечено на распит во Сенатот посветен на Иран

Иран би одговорил доколку биде нападнат поради нуклеарните активности, но мала е веројатноста дека ќе иницира или пак провоцира конфликт на меѓународна основа, вели директорот на Агенцијата за одбранбено разузнавање, генерал-полковникот Роналд Бургис.

Вишиот разузнавачки претставник на распит во Сенатот кажа дека доколку биде нападнат, Иран би можел да возврати со привремено затворање на Теснецот Ормуз, лансирање на проектили против американските сили и американските сојузници во регионот, како и да испрати терористички сурогати во светот.

Бургис и директорот на Националното разузнавање Џејмс Клапер на распитот подвлекоа дека веруваат оти Израел се` уште нема донесено одлука за напад врз Иран.

САД претходно изразија резерви за тврдењето на Иран дека остварил напредок во нуклеарната програма со инсталирањето на нови центрифуги за збогатување на ураниум. Стејт департментот смета дека владата во Техеран сака со тоа да го одвлече вниманието од се` поголемата дипломатска изолација на земјата. Саморекламирање - коментираше портпаролката Викторија Нуланд на редовниот прес-брифинг.

XS
SM
MD
LG