Линкови за пристапност

Почина Хју Хефнер


Неговата компанија соопшти дека Хефнер починал од природна смрт на неговиот имот во Лос Анџелес

Основачот на Плејбој Хју Хефнер, почина на 91-годишна возраст. Компанијата ја основа во 1953-та, со разголени фотографии на актерката Мерлин Монро и помогна во промовирање на сексуалната револуција со 7 милиони претплатници во деновите на голема светска популарност на познатиот магазин.

Неговата компанија соопшти дека Хефнер починал од природна смрт на неговиот имот во Лос Анџелес.

Плејбој ја прошири мултимедиумската империја со преку 20 држави, ноќни клубови, казина, филмска продукција. Освен разголени фотографии, во неговите магазини честопати пишуваа и реномирани автори како Реј Брандбери, Џон Апдајк, Владимир Набоков.

Хефнер преку пет години беше дел од своето реално шоу The Girls Next Door, во кое беше следен животот на имотот на Плејбој и на манекенките коишто живееја таму.

Познат беше и по свилените пижами, хедонистички начин на живот, заедно со незаборавните забави на имотот. Хефнер имаше три брака и четири деца.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG