Линкови за пристапност

Поврзаност на слухот и паѓањето


Меѓу постарата популација, паѓањето носи голем здравствен ризик. Едно паѓање може да донесе модринка кај помладо лице, но кај постаро постои опасност да резултира во скршен колк, трајна неподвижност, па дури и смрт. Ново истражување покажа необична врска меѓу ризикот од пад и губење на слухот во поодминати години.

Истражувачите ги анализираа податоците од здравствена студија што продолжува да се одвива.

Водечки автор на истражувањето е Френк Лин од Универзитетот Џонс Хопкинс. Тој заедно со колегата Луиџи Феручи од Националниот институт за стареење, ги спореди параметрите на губењето на слухот меѓу учесниците во истражувањето, со нивните падовишто може да ги имале во понови време:

„Пронајдовме дека губењето на слухот во некои случаи е директно поврзано со шансите од пад. Ако на пример, некој има благо губење на слухот, споредено со нормален слух, се покажа дека тој има трикратно зголемување на шансите да падне во однос на оние со добар слух.“

Зошто губењето на слухот може да придонесе за паѓање?

„Има неколку причини“, вели Френк Лин.

Оштетувањата на слухот може да ги направи луѓето помалку свесни за околината околу нив. Или, пак, тоа може да е поврзано и со уште една функција на увото, особено на внатрешното уво, кое не се користи само за слух – одржување на рамнотежата.

Најновото истражување ги потврди неколкуте претходни сознанија за врската меѓу губењето на слухот и падовите.

Истражувањето на Френк Лин е објавено во журналот „Архивите на интерната медицина“.

XS
SM
MD
LG