Линкови за пристапност

Пушачите може да користат когнитивна терапија за контрола на навиката


Пушачите може да користат когнитивна терапија за контрола на навиката
Пушачите може да користат когнитивна терапија за контрола на навиката

Во студијата, пушачите кои користеле когнитивни стратегии рекле дека доживеале помалку интензивни нагони

Нова студија покажа дека пушачите кои размислуваат за долгорочните последици по нивното здравје, како рак на белите дробови и срцеви заболувања, може да научат да ја контролираат навиката.

Истражувачите на Универзитетот Јеил нашле дека таква когнитивна стратегија ја зголемува активноста во префронталниот кортекс на мозокот, област што е поврзана со когнитивната контрола и рационнална мисла. Студијата покажа дека когнитивната терапија ја намалува активноста на мозокот во стриатумот, област во мозокот поврзана со копнежи и однесување кое бара наградување.

Во студијата, пушачите кои користеле когнитивни стратегии рекле дека доживеале помалку интензивни нагони.

Водечкиот научник на студијата Хеди Кобер, асистент-професор на школата за медицина при Јеил, вели дека истражувањето покажало оти пушачите може да научат да ги контролираат своите копнежи преку когнитивна терапија. Терапијата се користи за лекување на бројни ментални пореметувања, вклучувајќи ја и депресијата.

Истражувачите веруваат дека луѓето кои користат супстанци што создаваат зависност покажуваат оштетување на префронталниот кортекс, што може да е една од причините поради која не можат да се откажат. Кобер вели дека мозокот е во можност да ги контролира копнежите кога ќе му се дадат вистинските алатки.

Пушењето цигари е причина за околу половина милион смртни случаи годишно само во САД. Копнежот е причина што луѓето не може да се откажат од цигарите или што повторно почнуваат да пушат откако ќе се откажат.

XS
SM
MD
LG