Линкови за пристапност

Генералот Стојановски во Вашингтон


Генералот Стојановски во Вашингтон
Генералот Стојановски во Вашингтон

Стојановски ќе го посети и седиштето на Националната гарда на САД во Вашингтон.

Досегашниот ангажман на македонските војници кои во рамки на мисијата на ИСАФ во Авганистан се дел од американската единица од сојузната држава Вермонт - ова ќе биде главна тема на денешната средба во Пенгатон на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковникот Мирослав Стојановски со началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, адмиралот Мајкл Мулен, наведуваат во Амбасадата на Македонија во Вашингтон.

Според истиот извор, Македонија размислува да зеде учество во обуката на авганистанските безбедносни сили откако Хрватска презеде должност за Воената академија во Кабул.

Стојановски ќе го посети и седиштето на Националната гарда на САД во Вашингтон.

Началникот на Генералштабот на АРМ, кој се наоѓа во неколкудневна посета на САД, претходно престојуваше во Канзас, каде посети Центар за обука и симулации на американската армија, при што се сретна со командантот на Центарот, генерал-потполковникот Роберт Каслен.

XS
SM
MD
LG