Линкови за пристапност

САД ја скратија помошта во храна за сиромашните Американци


Како резултат на несогласувањето во Вашингтон, помошта на владата за купување храна е скратена за милиони лица

Американската владина помош за храна за милиони сиромашни граѓани е намалена заради несогласувањето во Вашингтон за приоритетите во трошењето.
САД обезбедуваат помош во вид на купони за храна секој месец за повеќе од 47 милиони луѓе. Ваквата владина асистенција беше од голема помош за време на рецесијата во 2009-та, што се смета за најголемо економско уназадување од времето на Големата депресија во 1930-те. Но со завршувањето на месец октомври, заврши и помошта.

Помошта им се испраќа на еден од седуммина Американци. Но, со скратувањето на програмата, едно четворочлено семејство кое добиваше по 668 долари месечно, сега ќе добива 36 долари помалку.

Конгресот со месеци дебатираше за продолжување на законот за трошоци во земјоделството, вклучувајќи ја и помошта со купони за храна, но не постогна договор. Конзервативните републиканици кои се залагаат за намалување на големината на владата бараат уште поголеми кратења во буџетот за помош во купони за храна, но беа блокирани од либералните демократски законодавци.
XS
SM
MD
LG