Линкови за пристапност

Какви решенија за високите цени на храната?


Какви решенија за високите цени на храната?

Индексот на прехрамбени артикли со кои глобално се тргува на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) е повисок во споредба со пред три години.

Инфлацијата на цените на храната е еден од факторите зад протестите во Египет, Тунис и Алжир, оживувајќи ги сеќавањата на нередите во неколку земји во 2007/2008-ма од истата причина. И додека експертите велат дека ситуацијата не стасала до истиот стадуим, сепак ги советуваат креирачите на политиката дека некои некои стратегии за смирување на пазарите може да презивикаат повеќе штета од добро.

Индексот на прехрамбени артикли со кои глобално се тргува на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) е повисок во споредба со пред три години. Агенцијата објави нов водич за креирачите на политиката кои се борат со новите високи цени.

Вишиот советник на ФАО Гери Смит вели дека треба да се извлечат некои поуки од периодот 2007/2008-ма. Индија, Виетнам и други држави забранија извоз на ориз невремето ја уништи нивната жетва. Според Смит, таквиот потег на и онака сиромашниот пазар со ориз дополнително ја зголеми цената на оваа земјоделска култура,

„Не советуваме таков потег. Тој очигледно влијае врз актуелната состојбата со цените“, вели Смит.

Актуелната состојба со цените делумно се должи и на руската забрана за извоз на жито, откако сушата минатото лето уништи една третина од поседите, наведува претставникот на ОН.

Влијанието од растечките цени најтешко се одрази врз 77 земји кои се претежно зависни од увозот на храна, од кои 25 во Азија и 43 во Африка.

Владите може да ја олеснат ситуацијата со намалување на тарифите, за да се поттикне извозот на прехрамбени артикли. Но, тоа мора да го направат внимателно, за да не ги загубат приходите, коментира Максимо Тореро од Истражувачкиот институт за меѓународна политика за храната.

„Властите треба да позајмат пари од друго место со цел балансот на буџетот да биде одржлив. Овие типови на политика може да бидат имплементирани само на кус рок, доколку не сакате да имате фискални проблеми“, вели Тореро.

Смит смета дека целните мерки, за оние на кои помошта им е најпотребна, е подобар начин владите да се справат со кризата. Иако и` забележува на Етиопија за контролата на цените, сепак и` оддава признание за програмата за помош на најзагрозените.

„Локалните власти ги лоцираат семејствата кои навистина имаат недостаток од храна. Така најточно се одредуваат потребите“, вели Смит.

Покрај средствата за купување на храна за тие семејства, програмата создава работни места за невработени на проекти за наводнување, за заштита на животната средина и други планови за подобрување на продуктивноста на земјоделството.

Смит додава дека е важно да се инвестира во земјоделството со цел државите да ги избегнат проблемите врзани со недостаток на храна во иднина.

70% од најсиромашните лица во светот живеат во рурални подрачја. Во време на криза, токму тие се честопати заборавени

„Политичарите секогаш ќе преземат решенија за смирување на урбаните заедници, затоа што тие го креваат гласот“, коментира Смит.

XS
SM
MD
LG