Линкови за пристапност

Египет заслужува подобра иднина


Египет заслужува подобра иднина
Египет заслужува подобра иднина

Размислувања на студенти од Блискиот Исток во САД.

Брзиот развој на настаните во народниот бунт во Египет на 25-ти јануари го изненади светот. Неизвесно е дали продолжувањето на демонстрациите ќе донесе победа или казна за оние кои сакаат да биде ставен крај на 30-годишниот автократски режим на египетскиот претседател Хосни Мубарак.

Студенти од повеќе од 100 држави живеат и се дружат во клубот Меѓународна куќа додека студираат по универзитетите во Њујорк.

Мери од Египет, студентка по правни студии, која е родена истата година кога Мубарак дошол на власт, вели:

„Мислам дека ќе биде извршен атентат врз него. Тоа им се случува на луѓе кои владеат на таков начин. Искрено, не мислев дека луѓето ќе излезат на улица. Јас би била исплашена со оглед за каков режим станува збор. Луѓето ги тепаат. Страшно е. Не знам дали би учествувала на плоштадот Тахрир“.

Мери, како и другите студенти кои сакаа јавно да зборуваат, инсистираат да им биде употребено само името. Таа вели дека нејзината 55-годишна мајка и` рекла дека јавниот живот и инфраструктурата почнале да се уништуваат уште од времето додека била студентка, во 1970-тите. Мајка и` е бизнисменка од средната класа и ги поддржува демонстрациите.

Но, Мери додава дека богатиот слој во Египет продолжува со поддршката на Мубарак, затоа што стравува дека Муслиманското братство и другите исламистички политички движења ќе дојдат на власт во земјата.

„Тие стравуваат дека лошата состојба е подобра од непознатото. Понекогаш тоа е добро, но во овој случај, не се согласувам. Ако политичарите кои и ` мислат добро на државата не се корумпирани, таа ќе функционира“, вели Мери.

Авнер е студент по музика и доаѓа од Израел. Оваа земја има мировен договор со Египет од 1979-та. Тој има поделени чувства за настаните во Египет.

„Како човек, личност кој живеел во демократска земја, навистина можам да ги разберам демонстрантите во нивните намери. Мислам дека нема ништо полошо отколку да живеете под режим кому не му верувате и не можете ништо да сторите. Од друга страна, Израелците стравуваат од можен подем на режим во Египет кој не гледа со симпатии кон нив. Не верувам дека Египќаните сакаат да отворат нова војна со Израел. Ако Египќаните постигнат договор – го почитуваат. Секако, постојат шанси, нешто друго да се случи“, размислува Анвер.

Актуелните настани по улиците во Каиро предизвикуваат дилема за Насрин, која е родена во тој град. Таа ги поддржува демонстрантите, но студира во Њујорк, благодарение на помошта од египетската и американската влада. Не сака да го предвиди исходот од демонстрациите во Египет и поширокиот регион, но затоа знае што сака

„Се надевам на иднина во која ќе исчезнат страдањата, како и сите корумпирани функционери. Се надевам на подобро образование, достапност до чиста вода, изградба на нови згради, нови работни места“, вели Насрин.

Египќаните страдаа во последните 30 години, додава оваа студентка и заклучува - доста е.

XS
SM
MD
LG