Невработеноста во САД паднала на најниско ниво за повеќе од пет години во април, додека економијата има најголема нето добивка на работни места за последниве две години.
Извештајот од Одделот за труд вели дека стапката на невработеност паднала четири десетини од процентот на 6,3 проценти минатиот месец.
Економијата добила нето 288.000 работни места.
Двете цифри се подобри од прогнозите на економистите.
Ваквите показатели за однесување на пазарот на трудот се спротивна слика од неодамнешните разочарувачки трендови за севкупниот економски растеж.
Американскиот бруто-домашен производ бавно растеше во првите три месеци од годинава, но стручњаците велат дека тоа се должи на фактори како - невообичаено студеното време.