Кина пред група европски официјални економски лица изрази загриженост за кризата со задолженост во која се наоѓа Стариот континент и најави дека внимателно ја следи состојбата и реакцијата на нејзините лидери.
Во исто време, кинески официјални лица за време на еднодневната конференција во Пекинг рекоа дека ги поддржуваат досегашните чекори и сметаат дека економската соработка е од обостран интерес.
Европската Унија и Меѓунардниот монетарен фонд веќе презедоа мерки за спас од западната финансиска криза во која се најдоа Ирска и Грција, додека континуираните проблеми во земјите како Шпанија и Португалија предизвикуваат стравување за стабилноста на единствената европска валута – еврото.
Кинескиот вице-премиер изрази поддршка за мерките на отварањето на економскиот и трговски дијалог ЕУ-Кина. Но, министерот за трговија истакна дека Кина е мошне загрижена дали кризата може да се контролира.