Федералните здравствени власти наредија на патници кои доаѓаат од трите најпогодени држави од ебола во Западна Африка да го следат здравјето 21 ден и да јават за евентуални симптоми од смртоносната болест.
На лицата кои доѓаат од Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, што се смета за епицентар на еболата, ќе им биде даван медицински прибор, штом слетаат на аеродромите, вклучувајќи и термометар.
Програмата за надгледување на здравјето на овие патници почнува во шест сојузни држави, каде се упатува мнозинството од нив –Џорџија, Мериленд, Њу Џерси, Њујорк, Пенсилванија и Вирџинија.
Ова е дел од пошироките напори за запирање на еболата и нејзиното следење, како што најави претседателот Обама.
Пандемијата на ебола уби повеќе од 4500 луѓе во Западна Африка годинава.