Линкови за пристапност

Кибернетските напади – оружје на идните војни?


Кибернетските напади – оружје на идните војни?
Кибернетските напади – оружје на идните војни?

Истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој - ОЕЦД е наменето за влади, корпорации и креирачи на политиката

Ново истражување на британски професори прогнозира дека кибернетското оружје редовно ќе се користи во војните во иднина. Компјутерските напади поединечно нема да претставуваат закана, но затоа еден координиран кибернетски напад, или пак таков напад во комбинација со конвенционални воени средства би можел да има сериозни последици, тврдат професорите.

Истражувањето на Организацијата за економска соработка и развој - ОЕЦД е наменето за влади, корпорации и креирачи на политиката, за да им помогне во анализирањето на опасностите од кибернетските закани во денешницата.

Еден од авторите, вонредниот професор од Лондонската школа за економија Питер Сомер вели дека „има релативно малку, само неколку кибернетски закани кои се глобални во нивното влијание. Од друга страна, има голем број на такви што може сериозно да се одразат на локално ниво“.

Коавторот Јан Браун од институтот Оксфорд за прашања врзани со Интернетот смета дека владите се тие кои во најголем дел може да остварат влијание од кибернетските напади.

„Посекако постои можност владите да ги користат кибернетски напади како дел од тековното војување, но мали се шансите, особено терористичките групи, хакерите, и криминалните банди да имаат такво влијание“, укажува Браун.

Извештајот укажува дека најголема штета може да се предизвика од координиран кибернетски напад, или пак таков напад напоредно со друг инцидент, како природна непогода, на пример.

САД, НАТО и Британија веќе ја означија кибернетската безбедност како приоритет за нивните национални безбедносно-одбранбени системи.

Па сепак, извештајот на ОЕЦД вели дека целосната кибернетска војна во иднината, водена исклучиво преку компјутери, не е многу веројатна.

XS
SM
MD
LG