Линкови за пристапност

Американците поделени за буџетската ситуација


Анкета на Пју: само 51% мислат дека е „апсолутно неопходно“ да се зголеми границата на задолжување, 36% не гледаат проблем доколку САД го пробијат рокот

Најнова анкета индицира дека само околу половина од Американците сметаат дека е апсолутно неопходно да се зголеми националната граница на задолжување, со што земјата би избегнала неплаќање на сметките. Преку една третина, пак, мислат дека државата може да го прекрши крајниот рок за задолжувањето, без притоа да наиде на поголеми економски потреси.

Истражувањето на Центарот Пју што опфатило над 1.500 испитаници, а било направено изминативе денови, покажува дека 51% од нив сметаат дека границата на задолжување од 16,7 трилиони долари треба да се зголеми. Но, затоа 36% не гледаат проблем доколку САД го пробијат рокот за позајмување. Лидерите во Сенатот денес конечно постигнаа договор за границата на задолжување, но предлог-мерката мора претходно да мине во обата дома на Конгресот, пред претседателот Обама да го стави конечниот потпис.

Истражувањето на Пју ја рефлектира и големата поделба во Конгресот по партиски линии. Демократите главно се` за зголемување на границата на задолжување, без никакви услови, додека републиканците се попрво за намалување на владините трошоци и ограничување на Законот за реформа на здравствена заштита, донесен по иницијатива на претседателот Барак Обама.
XS
SM
MD
LG