Линкови за пристапност

Големо снежно невреме на североисток на САД


Температурите се спуштија до минус 20 целзиусови степени, ветрот е до 80 км/час, а снежната покривка на места е до 45 сантиметри.

Владите на североисточните американски држави Њујорк и Њу Џерси објавија вонредна состојба заради големото зимско невреме во регионот кое претходно го зафати северниот централен дел на државата.

Ова е прва поголема зимска бура во 2014-та, донесувајќи снежни наноси до 45 сантиметри во делови на Масачусетс и околината. Арктичките температури и силните ветрови се прогноза за поголем дел од областа, вклучувајќи брзина на ветрот од речиси 80 километри на час во Бостон.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо објави вонредна состојба и нареди неколку поголеми автопати во централниот дел на Хадсон Вели да бидат затворени од полноќ до 5 часот наутро во петок. Аеродромите во регионот откажаа стотици летови.

Температурите низ широк дел на североисток се очекува да паднат на 20 степени целзиусови под нулата и да останат таму поголем дел од денот. Бурлингтон, во Вермонт, има температура од минус 25 степени, како и Монтреал, во Квебек, на север на Канада.

Во меѓувреме, горниот дел на Средниот Запад е длабоко замрзнат, со температури до 41 степен под нулата, како во двете Дакоти, Минесота, Висконсин, северен Илиноис, Ајова и Мичиген.

Измерени се 45 сантиметри снег во Чикаго, кој почна да паѓа од Новогодишната ноќ.
XS
SM
MD
LG