Линкови за пристапност

Клинтон подвлекува - таа е одговорна за дипломатската безбедност


Вели дека не сака нападот во Бенгази да биде дел од политичката игра на вперување на прстот во предизборната кампања.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон презеде одговорност за минатомесечниот, смртоносен напад врз Конзулатот на САД во Либија, велејќи дека е нејзина работа да биде надлежна за безбедноста на припадниците на Стејт департментот кои се на задачи ширум светот.

Во телевизиските интервјуа за време на посетата на Перу, Клинтон синоќа кажа дека претседателот Барак Обама и потпретседателот Џо Бајден не би знаеле за конкретните одлуки што ги донел бебзедносниот персонал. Таа рече и дека околностите во врска со напади, како оној во кој загина американскиот амбасадор во Либија Кристофер Стивенс и тројца други Американци, не се секогаш најјасни во првите моменти откако ќе се случат.

Овој напад, како и реакцијата на владата на Обама на него, станаа прашање во предизборната кампања. Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни го критикуваше Обама дека не обезбедил доволно обезбедување за Конзулатот во Бенгази.

Клинтон синоќа изјави дека не сака нападот да биде дел од политичката игра на вперување на прстот.

Владата на Обама првично оцени дека нападот произлегол од протестот пред Конзулатот против антиисламскиот филм направен во САД што предизвика серија протести во повеќе земји, но сега вели дека се работи за терористички напад.
XS
SM
MD
LG