Линкови за пристапност

Конгресот расправа за нападот во Либија


Претставници на Стејт департментот ќе сведочат за настаните кои оставија четворица Американци мртви.

Американските законодавци ќе одржат сослушување за нападот од минатиот месец на американскиот конзулат во Бенгази во кој беше убиен американскиот амбасадор и тројца други Американци.

Пред распитот во среда, во Комисијата за надзор и реформа на владата во Претставничкиот дом, предводена од републиканците, високи претставници на Стејт департментот на новинарите им дадоа детален преглед за нападите од 11 септември.

Официјалните лица, зборувајќи под услов да не бидат именувани, кажаа дека „немало ништо необично“ кај конзулатот пред нападот и тие не заклучија дека нападот бил предизвикан со протестите против анти-исламското видео.

Владата на почетокот нападите ги поврза нападите со протестите, но претставници на администрацијата подоцна кажаа дека тоа бил планиран терористички напад. Стејт департментот води одвоена истрага по инцидентот.
XS
SM
MD
LG