Линкови за пристапност

Започнаа разговорите за климатски промени во Варшава


Илјадници делегати работат на нов договор за борба против глобалното затоплување

Илјадници делегати од многу земји и невладини организации за заштита на животната средина ширум светот ги отворија разговорите за климатските промени во Варшава, Полска, каде треба да бидат договорени основите на новата Спогодба за борбата против глобалното затоплување.

12-дневните разговори почна денеска со предупредување за потенцијално катастрофално затоплување, доколку човештвото не го забави загадувањето на атмосферата со фосилни горива.

Полскиот министер за животна средина Марцин Колорец, рече дека супер-тајфунот, кој уништи делови од Филипините изминатата недела треба да е „повик за будење“.

„Од тајфунот со огромна сила илјадници лица го загубија животот. Тоа треба да биде отрезнувачки доказ дека човекот ја губи битката со природата, ако со здружени сили не реагираме“, изјави полскиот министер.

Шефицата за климатски промени при ОН Кристина Фигуерес се осврна на „опустошувачиот ефект“ од тајфунот на Филипините за време на нејзиниот говор. Таа ги повика делегатите да гарантираат поголема климатска безбедност за идните генерациии:

„Нема сомнежи дека климатските промени создадоа нерамноправна игра. Претходните генерации, имаа предност, но следната генерација ќе има проблем. Ќе мора веднаш да реагираме“.

Иако не се очекува решение, степенот на напредок во преговорите може да биде индикатор за шансите за постигнување нов договор за глобално загревање во 2015-та.
XS
SM
MD
LG