Линкови за пристапност

Официјална посета на Ан Сан Су Чи на САД


Бурманската опозиционерка Ан Сан Су Чи доаѓа во САД, каде ќе биде одликувана со високо конгресно признание

За време на нејзиниот прв престој во САД во последните 20 години, на лидерката на бурманската опозиција Ан Сан Су Чи, ќе биде одликувана со конгресен златен медал - највисоко цивилно признание од страна на американскиот Конгрес. Таа ќе се сретне и со претседателот на САД, Барак Обама.

Ан Сан Су Чи мина поголем дел од последните две децении во домашен притвор поради нејзината кампања за политички реформи во Бурма.

Посетата доаѓа во време на политички реформи во Бурма под претседателот Теин Сеин. Откако беше ослободена од домашен притвор, опозиционерната лидерка победи на избори и доби место во Парламентот годинава.
XS
SM
MD
LG