Линкови за пристапност

Клинтон ќе се сретне со претседателот на Бурма


Разговорите доаѓаат по соопштението за формално симнување на санкциите спрема оваа азиска држава.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон треба да се сретне со претседателот на Бурма, Теин Сеин, подоцна неделава, што следи по соопштението дека САД формално ги симнале економските санкции против оваа азиска држава.

Претставник на Стејт депарментот за Гласот на Америка изјави дека разговорите ќе се случат во петок, на маргините на конференцијата во Камбоџа. Клинтон се сретна со претседателот во декември за време на историското патување во Бурма.

САД во среда ги прекинаа санкциите, дозволувајќи на американски компании да инвестираат во Бурма за прв пат по 15 години.

Белата куќа вели дека потегот, најавен уште во мај, доаѓа како одговор на „важни економски и политички реформи“ од цивилната влада на Бурма.
XS
SM
MD
LG