Линкови за пристапност

Сенатот го усвои владиниот буџет


Сега на конечен потпис кај претседателот Барак Обама

Американскиот Сенат го усвои владиниот буџет за 2014-та од 1,1 трилион долари. Следен чекор е претседателот Барак Обама да ја потврди мерката со потпис, со што би се избегнало ново владино затворање во наредните месеци.

Сенатот ја усвои мерката со 72 гласови „за“ и 26 „против“. Претходно, таа мина и во Претставничкиот дом. Со неа, владата доби средства за непречена работа до крајот на тековната фискална година - 30 септември.

Гласањето во Сенатот дојде три месеци по 16-дневното владино затворање што уследи по републиканското противење на контроверзниот закон за реформа на здравствената заштита, донесен по иницијатива на Обама, а што стана познат како Обамакеар.

Белата куќа најави дека претседателот ќе го потпише буџетот во сабота, со што би се избегнало владиното затворање поради истекување на средствата за привремено финансирање. Оваа верзија на буџетот вклучува финансирање на реформата на здравствената заштита, како и на армиските операции во Авганистан.
XS
SM
MD
LG