Линкови за пристапност

Владиниот буџет мина во Претставничкиот дом


Мерката од 1,1 трилион долари сега пред Сенатот, каде се очекува да мине без проблеми

Американскиот Претставнички дом го усвои владиниот буџет за 2014-та од 1,1 трилион долари, со што владата е еден чекор поблиску да избегне ново затворање.

Сега за мерката треба да се изјасни Сенатот. Се очекува таа без проблеми да мине и низ ова тело, по што би заминала на потпис кај претседателот Барак Обама. Таа е резултат на политички компромис меѓу републиканските и демократските законодавци и ги покрива трошоците за широк опсег на владини програми, меѓу што и за реформата на здравствената заштита, донесена по иницијатива на Обама, и армиските операции во Авганистан. Со неа ќе се избегнат автоматските кратења во одбранбени и домашни програми кога Конгресот и Белата куќа не можат да најдат заеднички јазик за буџетот, како што е пропишано со закон донесен во 2011-та.
XS
SM
MD
LG