Линкови за пристапност

Телата за загинатите војници од Авганистан стасаа во САД


Телата за загинатите војници од Авганистан стасаа во САД
Телата за загинатите војници од Авганистан стасаа во САД

Претседателот Обама им оддаде почит на загинатите, на затворена церемонија

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во воздухопловната база во Довер да им оддаде почит на 30-те американски војници кои загинаа при уривање на армиски хеликоптер во Авганистан.

Пентагон соопшти дека двајца воени транспортни авиони со посмртните останки на загинатите пристигнале рано утринава во сојузната држава Делавер.

Телата на војниците, вклучувајќи и 22 припадници од елитните единици SEAL, пристигнаа во воздушната база Довер, каде одделот за одбрана соопшти дека ќе се одржи церемонија затворена за медиумите затоа што се` уште треба да се идентификуваат останките.

Хеликоптерот Чинок се урна за време на операција против Талебан во долината Танги. Во уривањето загинаа 30 американски војници, седум авганистански војници и еден преведувач.

Саботнaта несреќа во провинцијата Вардак е најсмртоносна по американските сили од почетокот на еднодецениската војна. Причината за инцидентот се истражува.

Во Вашингтон во понеделникот, претседателот Обама рече дека загубата на 30 американски војници е „силен потсетник“ за ризиците со кои се соочуваат војниците секој ден.

Пентагон објави дека ќе им дозволи на семејствата на загинатите да присуствуваат на погребната церемонија во сојузната држава Делавер. Засега е непознато дали било побарано од семејствата да им се дозволи пристап на медиумите за покривање на настанот.

XS
SM
MD
LG