Линкови за пристапност

Кој е Енди Пејков?


Енди Пејков - нов почесен конзул во Калифорнија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:47 0:00
Direct link

Енди Пејков - нов почесен конзул во Калифорнија

Новиот почесен конзул во Калифорнија води сеемен бизнис што дистрибуира до синџирите на супермаркети во САД.

Пејков вели дека ја прифатил поканата имајќи ги на ум родителите – имигранти од Егејска Македонија, кои дошле во САД 1912-тата. Роден во САД, но е горд на своето македонско потекло; сака да и` помогне на Македонија.

Семејниот бизнис на Енди Пејков, фабриката за полнење на вода во шишиња од марката „Нијагара“ има 850 вработени, капацитет за производство од 12 милиони шишиња годишно, и дистрибуира до синџирите на супермаркети како Крогер, Волмарт и Коско.

Ако се охрабрат да произведуваат во Македонија, сите ќе имаат корист.
Енди Пејков

„Сакам да и` помогнам на Македонија. Во САД има многу бизнисмени кои ги продаваат своите продукти во Европа. Тие производи може да се произведуваат многу поефтино во Македонија“, вели Пејков и додава: „Ако се охрабрат да произведуваат во Македонија, сите ќе имаат корист. Во Македонија има ефтина работна сила, а даночните олеснувања се извонредени за вложување. Во земјата има даночно очеснување од 10 години за странските инвеститори“.

Бизнисменот на чело на компанија со годишен обрт од една милијарда долари и татко на осум деца, сугерира: „Најголема пречка која треба да ја надмине Македонија се остатоците од свеста од комунистичките денови. Граѓаните треба да го сменат начинот на размислување. Сепак, има успешни бизнисмени во Македонија, но треба да им се помогне да одат напред“.

Како да и` помогнат иселениците на татковината?

„Да споделуваат работи кои ги научиле надвор од Македонија со луѓето кои живеат во татковината“, додава почесниот конзул од Калифорнија.

Секаде има можности, но треба да се преземат смели чекори, советува Пејков и најавува дека ќе служи како мост за американските и македонските бизнисмени.
XS
SM
MD
LG