Линкови за пристапност

Андреа Алушев: Иднината на МПО се нашите деца


Андреа Алушев: Иднината на МПО се нашите деца
Андреа Алушев: Иднината на МПО се нашите деца

Главен акцент беше ставен на размена на искуства и идеи за иднината

На 89-тата редовната годишна средба на Македонската патриотска организација, што се одржа минатиот викенд во Детроит, Мичиген, минатото само накусо беше опфатено преку слајд-проекција – сликите потсетија на почетоците на најстарата организација на македонската дијаспора во САД и во Канада и на претходните конвенции и угледни гости, меѓу кои и поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и американскиот амбасадор Кристофер Хил.

Главен акцент беше ставен на размена на искуства и идеи за иднината. Андреа Алушев, претседателка на МПО и прва жена на таа функција во историјат на организацијата, за Гласот на Америка на македонски најавува дека ќе се обиде да инспирира повеќе жени да помогнат во промоцијата на македонската кауза, а иднината на МПО ја полага во помладите генерации:

„Иднината на МПО се нашите деца. Ние сме четврта или петта генерација Македонци во САД и се обидуваме на нашите поколенија да им го претставиме јазикот, музиката, храната, културата“, раскажува Алушев.

МПО инвестира и во образувањето на помладите за Македонија.

„Имаме таканаречен ден на учење - целодневна настава во која децата учат македонски зборови, изрази, со што се надеваме дека ќе ги инспирираме да ја посетат Македонија и да помогнат за нејзината кауза“, додава Алушев.

За прашањето за името и актуелниот спор со Грција, и најстарата организација на Македонците има ист став со другите од дијапората.

„Знаеме дека актуелната влада во Македонија има знаење, ентузијазам и нема намера да го смени името. Ние го поддржуваме тој став 100%. Сакаме Македонија да остане Република Македонија“, вели Алушев.

XS
SM
MD
LG