Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи на собирот на старешините во земјата побара тие да го одобрат безбедносниот договор со САД, со кој 10 до 15 илјади странски војници ќе останат во Авганистан по полекувањето на силите на НАТО наредната година.
Според нацрт-текстот на договорот, што авганистанската влада го објави на Интернет, американските сили би влегувале во авганистанските домови само во исклучителни случаи. Ова беше спорно прашање во преговорите за договорот што траеја речиси една година.
Неколку часа пред да започне средбата на авганистанските старешини, американскиот државен секретар Џон Кери објави дека двете страни се согласиле на крајниот текст на договорот.
Според очекувањата, собирот на авганистанските старешини, познат по името „Лоја џирга“, ќе трае три дена. Старешините ќе разговараат за спогодбата што ќе ги образува безбедносните односи меѓу Вашингтон и Кабул во наредните години. Старешините мора најпрвин да го одобрат договорот, пред тој да се најде на гласање во авганистанскиот парламент. Старешините имаат право да ревидираат, па дури и да отфрлаат делови од него.