Линкови за пристапност

Рајс: Нема потреба САД да се извинат на Авганистан


Советничката за американска национална безбедност Сузан Рајс
Советничката за американска национална безбедност Сузан Рајс

Реагира на изјавата дека Карзаи очекува писмо со таква содржина од Обама.

Советничката за американска национална безбедност Сузан Рајс вели дека САД нема да се извинат на Авганистан за грешките направени во војната во оваа земја.

Рајс синоќа реагираше на изјавата на портпаролот на авганистанскиот претседател, дека Хамид Карзаи очекува писмо со извинување од претседателот Барак Обама во рамки на преговорите за новиот безбедносен договор за Авганистан.

Американски официјални лица потврдуваат дека Карзаи побарал извинување за време на вчерашниот телефонски разговор со државниот секретар Џон Кери. Но, Рајс за ТВ-мрежата ЦНН изјави дека нема потреба САД да го сторат тоа, додавајќи дека САД се жртвувале и го поддржале Авганистан во демократскиот развој и борбата против бунтовниците и Ал-Каида.

На средба закажана за утре, авганистанките лидери ќе расправаат за безбедносниот договор со кој по повлекувањето на поголемиот дел на силите на НАТО во 2014-та, ограничен број на американски армиски војници би останале во земјата за да ги обучуваат авганистанските сили.
XS
SM
MD
LG