Линкови за пристапност

45 загинати во торнада ширум САД


45 загинати во торнада ширум САД
45 загинати во торнада ширум САД

Oгромна материјална штета - многумина велат дека загубиле се` што поседувале

Бројот на загинати во силното невреме проследено со торнада што го зафати јужниот дел на САД, порасна на 45 лица.

Речиси половина од жртвите се во Северна Каролина, каде само во саботата беа регистрирани 60-тина торнада. Гувернерката Беверли Перду објави вонредна состојба во оваа сојузната држава по, како што проценуваат стручњаците, најлошото невреме во последните 20 години.

Невремето започна во Оклахома во четвртокот, по што се прошири кон југ, се` до Вирџинија во саботата. Се` на се`, беа регистрирани над 200 торнада што причинија огромна материјална штета.

Многумина погодени велат дека загубиле буквално се` што поседувале.

XS
SM
MD
LG