Линкови за пристапност

Рекорден број Американци не и` веруваат на владата


Рекорден број Американци не и` веруваат на владата
Рекорден број Американци не и` веруваат на владата

Испитаниците наведуваат дека владата има погрешни приоритети и не е ефикасна во работењето

Независниот Истражувачки центар Пју наведува дека рекорден број Американци не се задоволни од владата.

Анкета на Центарот утврдила дека само двајца на 10 анкетирани Американци имаат доверба во федералните власти - најнизок процент во последните 50-тина години истражување.

Само една четвртина од над 5-те илјади испитаници во март и април одговориле дека имаат позитивен став за американскиот Конгрес, а само 40 проценти сметаат дека претседателот Обама добро си ја врши работата.

Испитаниците наведуваат дека владата има погрешни приоритети и не е ефикасна во работењето.

Истражувачите сметаат дека ваквите показатели може да се должат на неколку фактори, вклучувајќи ги економските проблеми од глобалната финансиска криза, како и општиот тренд - приврзаниците на партијата која ја загубила трката за Белата куќа да не и` веруваат на владата.

XS
SM
MD
LG