Линкови за пристапност

САД и Европа се` уште бараат начин да се справат со Иран


САД и Европа се` уште бараат начин да се справат со Иран
САД и Европа се` уште бараат начин да се справат со Иран

За време на неодамнешната посета на Абу Даби, американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека санкциите даваат резултати

Со години САД и ЕУ велат дека иранската програма за збогатување на ураниум е дизајнирана да произведе нуклеарно оружје. Но Иран тврди дека програмата е строго за мирнодопски цели, како што е производство на електрична енергија.

Според најновата проценка на израелскиот шеф за разузнавање кој заминува од функцијата, Меир Даган, Иран нема да биде во можност да произведе нуклеарно оружје пред 2015 година.

Поранешниот советник за национална безбедност генералот во пензија Брент Скокрофт, се согласува дека во моментов Иран не претставува закана.

„За мене, најголемиот проблем со Иран и нуклеарното оружје е дека доколку на оваа земја и` се дозволи да развие нуклеарно оружје, ќе предизвика бран на негово ширење, бидејќи сметам дека неговите соседи во регионот како Египет, Саудиска Арабија, Турција, ќе бидат во искушение да го направат истото заради сопствена заштита. Токму ова се обидуваме да го избегнеме“, вели Скокрофт.

Во напор да се убеди Иран да стави крај на нуклеарната програма, Советот за безбедност на ОН усвои четири серии на резолуции воведувајќи санкции против Иран. Како дополнение, неколку други земји, вклучувајќи ги и САД воведоа сопствени мерки.

За време на неодамнешната посета на Абу Даби, американската државна секретарка Хилари Клинтон изјави дека санкциите даваат резултати.

„Тие прилично го отежнаа процесот Иран да ги реализира своите нуклеарни амбиции. Иран има технолошки проблеми што дополнително го забавија овој процес. Но вистинското прашање е како да го убедиме Иран дека залагањето за нуклеарно оружје нема да го направи побезбеден и посилен, туку напротив“, подвлече Клинтон.

Генералот Скокрофт вели дека меѓународната заедница мора да изврши дополнителен притисок врз Иран.

„Се залагаме, иако се` уште комплетно не сме дојдени до таму, целата меѓународна заедница да му се спротивстави на Иран. Имаме напредок, Русите сега одлучија да не му продаваат противоздушни проектили на Иран. Тие се согласија и на поостри санкции. Кинезите исто така се согласни. Доколку меѓународната заедница му каже на Иран да не оди во тој правец, со признавање на иранските безбедносни грижи, и ветување дека ќе работи со Иран на нив, Иран треба да сфати дека нуклеарното оружје не е решение“.

Администрацијата на претседателот Барак Обама се залага за дипломатски пристап кон прашањата поврзани со Иран. Истовремено, американски претставници подвлекуваат дека сите опции се на маса, што значи дека евентуална воена акција не е исклучена.

XS
SM
MD
LG