Линкови за пристапност

Конгресните водачи постигнаа договор за владините трошоци за 2015-та


Сега за мерката треба да се изјаснат Претставничкиот дом и Сенатот

Демократските и републиканските водачи во Конгресот постигнаа договор за 1,1 трилиони долари со коишто ќе се финансира работата на владата во следната година.

Пакетот за владините трошоци беше финализиран доцна синоќа, само два дена пред истекот на рокот за владата во однос на досегашните трошоци. Со новиот пакет би се финансирале сите владини агенции до следниот септември, освен Одделот за домашна безбедност, којшто ќе биде финансиран до 27-ми февруари.

Републиканците, коишто согласно изборите минатот ноември ќе ја преземат контролата во Конгресот следниот месец, се очекува да користат лимитирано финансирање како лост за ограничување на неодамнешната извршна наредба на претседателот Барак Обама што заштитува до 5 милиони недокументирани имигранти од депортација.

Во компромисниот пакет за владините трошоци се додадени над пет милијарди долари за борба против епидемијата на ебола во Западна Африка. Но, од друга страна, скратени се средствата за Агенцијата за заштита на животната средина, а олабавени се некои правила од законот од 2010-та за регулирање на финансискиот сектор.

Сега за мерката треба да се изјаснат Претставничкиот дом и Сенатот.

XS
SM
MD
LG