Линкови за пристапност

Пад на странскиот туризам во САД


Пад на странскиот туризам во САД
Пад на странскиот туризам во САД

Наспроти опаѓањето во 2009 година, надежи за побрување на ситуацијата во 2010

Американската влада предвидува дека бројот на странските посетители во САД годинава ќе забележи пораст, по падот што траеше поголем дел од 2009-та година. Во САД најмногу се очекуваат туристи од развиените земји.

Милиони странски туристи секоја година сакаат да ја видат Флорида, на пример. Доаѓаат заради прекрасните плажи, сончевото време преку целата година и заради атракциите како Дизниленд во Орландо.

Но, иако минатата година во САД пристигнале речиси 55 милиони лица, регистрирана е тешка година за туризмот во земјата. Бројот на странски туристи драматично се намалил во првите три квартала од 2009.

За Флорида, каде на туризмот отпаѓаат преку 20 проценти од економијата, падот на бројот на посетителите беше сериозен удар.

Даниел Кортни од Бирото за конвенции и туризам во Орландо, вели дека во 2009 имало помалку домашни и странски гости, но дека загубата особено се почувствувала не само заради бројот на туристите, туку и заради фактот што тие во Флорида остануваат подолго и трошат повеќе.

За 2010 година се очекува подобрување на ситуацијата, иако американската влада предвидува промени во составот на странците, со двојно повеќе посети од Азија и Јужна Америка. Бразил, Индија и Кина се очекува да ја предводат листата земји со најмногу заинтересирани за американските атракции.

Бројот на посети од Западна Европа се очекува да остане на исто ниво.

Ричард Фоглсонг од колеџот Ролинс студира туризам во Флорида. Тој вели дека промените се должат на забавениот економски растеж во западните земји споредено со поновите економии.

„Ова е дел од проблемот на туристичката и индустријата за забава, зашто се зависни од економската ситуација, и тоа е првото место каде луѓето се обидуваат да штедат“, вели Фоглсонг.

Во меѓувреме, со очекувањата глобалниот еконосмки раст да достигне до четири проценти во 2010 година споредено со падот од 0,6 проценти во 2009-та, надлежните за туристичката индустрија во САД велат дека се оптимисти оти бројот на странски посетители ќе почне да расте.

XS
SM
MD
LG