Линкови за пристапност

Истражување: само мал пораст на рак на мозокот од прекумерно користење на мобилни телефони


Истражување: само мал пораст на рак на мозокот од прекумерно користење на мобилни телефони
Истражување: само мал пораст на рак на мозокот од прекумерно користење на мобилни телефони

На прекумерните корисници им се препорачува телефонот да не го држат директно на уво, односно да користат слушалки или безжичната направа „блу тут“.

Обемната меѓународна студија на Истражувачката група Интерфон при Светската здравствена организација, опфатила преку 13.000 корисници на мобилни телефони во 13 земји изминатава деценија. Работното тело што го вршело истражувањето заклучи дека енергијата од радио-фреквенцијата на мобилните телефони не го зголемува ризикот од двата главни вида на рак на мозокот, глиома и менингиома.

Истражување: само мал пораст на рак на мозокот од прекумерно користење на мобилни телефони
Истражување: само мал пораст на рак на мозокот од прекумерно користење на мобилни телефони

Сепак, кога научниците подетално ги разгледале податоците на 10-те проценти од испитаниците кои самите се опишале како големи корисници на мобилни телефони, откриле 40 проценти зголемен ризик од појава на глиома. Меѓу нив се лица кои кои разговарале на својот мобилен телефон најмалку по половина час на ден, седум дена во неделата и тоа траело десет години.

Но, Даниел Кевски од Центарот за проценка на ризикот по здравјето при Универзитетот Отава во Канада, кој бил член на истражувачката група, вели дека таа не можела да докаже дека прекумерното користење на мобилните телефони го зголемило ризикот за појава на рак на мозокот бидејќи откритијата биле базирани на непостојани сеќавања на некои од испитаниците.

„Доколку побаравме да учествувате во студијата, ќе побаравме да се сетите на секој мобиле телефон што сте го имале во животот. Потоа би ве прашале колку пати во денот сте телефонирале и колкава била просечната должина на сите разговори поединечно. Но, сеќавањето за начинот на користење на мобилните телефони не е секогаш најпрецизно “, вели Кевски.

Тој додава дека останатите 90 проценти од испитаниците користеле мобилен телефон во просек два до дваипол часа месечно.

Отис Бредли, раководителот на Американското здружение за борба против ракот, вели дека има малку докази дека дури и прекумерното користење на мобилните телефони предизвикува значително зголемување на бројот на заболени од рак на мозокот.

Џек Сиемиатцки, кој бил дел од истражувачката група, а работи како професор по епидемиологија на животната средина на Универзитетот Монтреал, се согласува и вели дека нема причина за непотребна паника или загриженост меѓу просечните корисници на мобилните телефони.

„Луѓето кои минуваат прекумерно време на мобилни телефони, кои буквално користат 1.000 или 2.000 минути месечно – само тие влегуваат во зона на ризик од заболување “, вели Сиемиатцки.

За овие лица, Сиемиатцки препорачува телефонот да не го држат директно на уво, односно да користат слушалки или безжичната направа „блу тут“.

Кристофер Вајлд, директор на Меѓународната агенција за истражување на ракот, со седиште во Женева, вели дека групата што ја направи обемната студија во рамки на СЗО наредната година ќе организира средба за да ги разгледа податоците од сите досега изработени студии за поврзаноста на прекумерната употреба на мобилните телефони и зголемениот ризик од тумор на мозокот.

Истражувањето на Истражувачката група Интерфон е објавено во Меѓународниот журнал за епидемиологија.

XS
SM
MD
LG