Линкови за пристапност

12-мина загинати во нови самоубиствени напад во Русија


Од загинатите, најмалку деветмина се полицајци, а меѓу нив и командирот на полицијата во градот. Во експлозиите биле повредени барем 23 лица.

Двајца бомбаши-самоубијци средата однесоа најмалку 12 човечки животи во јужната руска република Дагестан, само два дена по смртоносните напади во московското метро.

Нападите се случија во градот Кизлјар, во близина на границата на Дагестан со Чеченија. Од загинатите, најмалку деветмина се полицајци, а меѓу нив и командирот на полицијата во градот. Во експлозиите биле повредени барем 23 лица.

Според министерот за внатрешни работи на Дагестан, првиот напаѓач активирал експлозив кога собраќајната полиција го запрела неговото возило. Вториот, облечен во полициска униформа, се разнел во моментот кога полицајци и жители се насобрале на местото на првата експлозија.

Во два напада во московското метро понеделникот, пак, загинаа 39 лица.

Рускиот премиер Владимир Путин кажа дека зад нападите во Москва и Дагестан можеби стои една иста терористичка организација.

Според властите, нападите во Москва ги извршиле две жени поврзани со исламските бунтовници во руските јужни републики каде владее немирна ситуација.

XS
SM
MD
LG