Линкови за пристапност

Обама го поздрави договорот за финансиска реформа


Обама го поздрави договорот за финансиска реформа
Обама го поздрави договорот за финансиска реформа

Членови на Претставничкиот дом и на Сенатот петокот по 20-часовни преговори ги подготвија и последните детали на законот што предвидува темелен ремонт на финансиката регулатива во земјата.

Американскиот претседател Барак Обама изрази задоволство од напредокот на Конгресот во однос на предлог-законот за коренита финансиска реформа.

Членови на Претставничкиот дом и на Сенатот петокот по 20-часовни преговори ги подготвија и последните детали на законот што предвидува темелен ремонт на финансиката регулатива во земјата.

Пред да замине за Канада на средбите на Г-8 и Г-20, Обама изјави дека законот ќе помогне Вол стрит да се држи одговорен и да се спречи нова финансиска криза како онаа од која САД се оопоравуваат во моментов. Тој кажа и дека новиот закон содржи одредби за заштита на потрошувачите и за ограничување на рискантна финансиска пракса што и ја предизвика глобалната рецесија.

Предлог-законот допрва треба да добие „зелено светло“ од обата дома на Конгресот во полн состав, но влијателни законодавци предвидуваат Обама да стави конечен потпис на мерката до 4-ти јули.

XS
SM
MD
LG