Линкови за пристапност

Обама: Палењето на Коранот – средство за регрутирање во Ал Каида


Претседателот кажа дека се работи за деструктивен чин, но дека е заштитен со законот во САД, согласно слободата на говор и изразување.

Палењето на Коранот на 11-ти септември би се искористило како средство за регрутирање во Ал-Каида, коментираше американскиот претседател Барак Обама за намерата на свештеник на црква во Флорида. Во интервјуто за Еј-Би-Си, Обама рече дека тоа значително ќе ги загрози американските војници на места како Авганистан.

Претседателот кажа дека се работи за деструктивен чин, но дека е заштитен со законот во САД, согласно слободата на говор и изразување.

Отецот Тери Џонс, кој е на чело на 50-члена црква, има намера да запали примероци на муслиманската света книга, за што вели дека претставува протест кон радикалниот ислам. Потегот го осудија бројни инстанци, меѓу кои и генералниот секретар на ОН и Ватикан.

Џонс за весникот Ју-Ес-Тудеј изјави дека повторно би размислил за планираното доколку добие повик од Белата куќа, Стејт департментот или Пентагон и рече дека засега никој не стапил во контакт со него.

XS
SM
MD
LG