Линкови за пристапност

Завршија конгресните, на ред се претседателските избори 2012-та


Завршија конгресните, на ред се претседателските избори 2012-та
Завршија конгресните, на ред се претседателските избори 2012-та

Трката за претседател во САД може да почне и пред крајот на оваа година.

Претседателот Барак Обама е искусен во водењето на кампањи - беше изразито активен пред конгресните избори, водеше собири, имаше средби со граѓани, дури и такви што се одржуваа во дворовите на гласачите. Две години од сега, во 2012, Обама ќе го прави истото, но тогаш за себе, доколку сака да ја задржи функцијата.

„За него ќе биде подобро ако економијата се подобри, и тоа набргу“, вели политичкиот аналитичар Лари Сабато од Универзитот Вирџинија. Според Сабато, тоа е главната пречка за реизбор на Обама, особено сега, со помалку сојузници во Конгресот.

Рид Вилсон, уредник на Интернет-страницата на списанието Нешенал џурнал хотлајн смета поинаку:

„Секогаш е добро кога еден претседател ќе може да води кандидатура против нешто“.

Уште еден фактор во престојните претседателски избори се очекува да биде и движењето „Ти парти“.

Поранешната кандидатка за потретседател во 2008-та Сара Пејлин има голема поддршка од ова движење.

„Ако нема заинтересирани кандидати, тогаш секако дека верувам оти ние може да го сториме тоа“, изјави Пејлин неодамна, мислејќи на кандидатура за претседателските избори.

И покрај нејзината популарност, Рид Вилсон вели да се сака политиката на Пејлин не е исто со желбата таа да ја води државата.

„Сара Пејлин нема изградено тим подобен за една претседателска трка. Мит Ромни има таков тим, исто како и Мајк Пенси“, смета овој експерт.

Актуелните настани честопати ја обликуваат, а понекогаш и изобличуваат претседателската политика. Економијата, војната, тероризмот, непознатото... Мајкл Франк од Фондацијата Херитиџ вели:

„Се` уште не знаеме какви вештини гласачите ќе наметнат како предуслов за добар претседателски кандидат“.

Трката за претседател во САД може да почне и пред крајот на оваа година. Во претходната кампања, демократот Џон Едвардс ја соопшти својата кандидатура нешто помалку од два месеца по завршувањето на конгресните избори.

XS
SM
MD
LG