Климатски промени, нестабилни нафтени цени, катастрофално излевање во Мексиканскиот Залив, сето ова само ги зајакна повиците САД да најдат решение за зависноста од нафта од странство. Во потрага по алтернативи, морнарицата и цивилната авиоиндустрија размислуваат за растително масло како авионско гориво.
Борбен авион Еф-18 полетува од локација во Мериленд, каде американската морнарица врши тестови. Користи гориво што е 50-проценти базирано на нафта, а 50-проценти дериват на семе наречено камелина.
Рик Кејмин раководи со програмата за тестирање. Тој лично нема ништо против нафтата.
„Нафтата е одлична. Сите системи ги развивме засекогаш да функционираат на неа. Проблемот е што мора да се увезува, цената е нестабилна и многу пари одат на купување од странство“, вели Кејмин.
Увезен мазут или домашна камелина? Кејмин вели - Еф-18 не може да ја забележи разликата. Ова не е изненадување, ако се знае хемиската структура на маслото од ова растение, додава Џим Рекоски од Ханивел, произведувач на опрема за рафинирање на маслото.
„Структурата е многу слична на дизелот“, коментира Рекоски.
Од друга страна, горивото за борбените авиони не се разликува многу од она за патничките. Јапонската Џапен Еарлајнс направи неколку успешни тестови на билошки горива минатата година. Зголемениот интерес за нив и загриженоста за животната средина создадоа можности за бизнис.
За Рекоски целта е следната деценија биогоривата, вклучувајќи го и она од камелина, да сочинуваат една третина од целото гориво што с екористи во американскиот сообраќај.
Но, не сите се согласни. Џим Бартис од Корпорацијата РАНД вели: „Производството на само еден процент од маслото што се користи во САД значи ангажирање на десет проценти од сето земјоделско земјиште. Тоа е огромно прераспределување на земјоделските култури“.
Во тек се други испитувања за извори ан гориво - од животински масла, алги...
Рекаски од Ханивел вели - сите ќе ни требаат ако сакаме да ја замениме нафтата.