Линкови за пристапност

Нов живот за стари електронски направи


Нов живот за стари електронски направи
Нов живот за стари електронски направи

Веб-страницата YouRenew.com купува користени електронски направи за рециклирање и во одредени случаи за повторна продажба.

Кога љубителите на Ај-фон ги преплавија продавниците на Епл да ја купат најновата верзија на популарниот телефон, токму таму завршија некои од нивните стари мобилни телефони, блекбери и слично.

Веб-страницата YouRenew.com купува користени електронски направи за рециклирање и во одредени случаи за повторна продажба. Компанијата била основана пред две ипол години од двајца студенти кои рециклирањето на електронската опрема сметале дека ќе биде добро за животната средина, но и дека ќе им донесе заработувачка.

Ко-основачот Боб Кејси вели дека рециклирањето на електронските направи и нивна повторна употреба денес е на 10 проценти, додека преработувањето на хартија, пластика и слично е 50 проценти. Затоа, вели, Кејси, тие со влегувањето во тој бизнис веднаш виделе дека се на добар пат.

Аналитичарите велат дека пазарот за рециклирање на електронски направи во САД се проширува. За само две години YouRenew.com го зголемила профитот за преку 200 проценти.

Директорот на компанијата Гај Минети вели дека најголем предизвик е развивањето на свеста:

„Се` уште знаеме дека постојат многу, многу електронски направи што се неупотребливи во канцелариите или подрумите фаќајќи прашина. Сакаме да им покажеме на луѓето дека рециклирањето е добро за планетата, но дека со тоа може и да се заработи.“

Компанијата плаќа во готовина за мобилни телефони, за таканаречените „паметни“ телефони и стари лаптоп комјутери. Нешто од тоа оди директно на преработка, додека други се репрограмираат и потоа се продаваат по ниски цени.

Реагирајќи на жалбите на конзументите, дури и Епл почна да се занимава со преработка на ситна електроника, нудејќи подарок-картички или попусти за муштериите кои ќе донесат одредени користени електорнски направи за рециклирање.

XS
SM
MD
LG