Според ново истражување на корпорацијата Ранд, Пакистан не успеал да ги прекине врските со милитантните групи, што резултирало во значителна закана за владите и на Пакистан и на САД.
Ранд наведува дека минатомесечниот неуспешен обид за напад со автомобил-бомба во центарот на Њујорк илустрира како една милитантна група со врски во Пакистан може да извезува тероризам.
Сет Џонс, политички експерт и коавтор на студијата, вели дека седиштето на милитантните мрежи „останува всадено“ во Пакистан.
Во извештајот на непрофитната истражувачка организација се додава дека бунтовничките мрежи во Пакстан опстојуваат бидејќи првите лица на земјата не развиле ефикасна противстратегија.
Истражувачите сметаат дека САД треба да ограничат одреден дел од армиската помош за Пакистан се` додека земјата не стави крај на поддршката за милитантни групи во рамки на своите граници.