Американскиот преседател Барак Обама е во посета на комонвелтот Порторико, каде ја нагласи посветеноста да им помогне на жителите на овој остров на Карибите.
Обама во Сан Хуан порача дека аспирациите и проблемите на Порторико ги отсликуваат оние во САД. Тој ги подвлече владините напори за помош на образованието, здравствената заштита и економијата на оваа американска територија.
Порторико доби 7 милијарди долари за стимулирање на економијата, но мачи мака со невработеност од 16%. Гувернерот на Порторико Луис Фортуно кажа дека пакетот помош помогнал при вработувањето, иако било потребно долго време пред да се почувствува неговиот ефект.
Обама се осврна и на напредокот во однос на политичкиот статус на Порторико, што веќе долго време е едно од најжешките прашања во територијата. Претседателот ја поддржува идејата да се одржи референдум пред крајот на наредната година што би им овозможил на жителите да изберат меѓу државност, независност или пак сегашнаиот полуавтономен статус на комонвелт. Обама рече дека кога луѓето на Порторико ќе донесат јасна одлука, неговата влада ќе застане зад неа.
Обама е првиот американски претседател кој бил во официјална посета на територијата во последните 50 години.
Посетата има значење и за кампањата за реизбор на Обама, кој се обидува да допре до се` помоќиот блок гласачи од латиноамериканско потекло.