Линкови за пристапност

Опаѓа поддршката за Обама во јавноста


Ваквата оценка за работата на Обама доаѓа во време кога тој се справува со армиска операција во странство, висока невработеност дома, слаби пазари на акции и на недвижнини и криза со излевањето на нафта во Мексиканскиот Залив.

Ново истражување за расположението на гласачите покажува дека јавната поддршка за американскиот претседател Барак Обама достигнала ново ниско ниво.

Според анкетата на Вашингтон пост и вестите на Еј-Би-Си, речиси шест на секои десет гласачи велат дека загубиле доверба во способноста на претседателот да ја води нацијата.

Кога Обама стапи на функцијата пред 18 месеци, шест на секои десет Американци изразија доверба во одлуките што ги донесува.

Ваквата оценка за работата на Обама доаѓа во време кога тој се справува со армиска операција во странство, висока невработеност дома, слаби пазари на акции и на недвижнини и криза со излевањето на нафта во Мексиканскиот Залив.

Истражувањето исто така покажува дека само околу 43% од гласачите, вклучувајќи и третина демократи, го одобруваат начинот на кој Обама се справува со американската економија.

XS
SM
MD
LG