Линкови за пристапност

Анкета: Рејтингот на Обама расте


Анкета: Рејтингот на Обама расте
Анкета: Рејтингот на Обама расте

Републиканците се подготвуваат за контра-офанзива

Според најновото истражување на Универзитетот Квинипак, повеќето Американци американскиот претседател го почитуваат првенствено лично. Кога станува збор за неговата политика, земјата е поделена, вели Питер Браун од тимот кој ја спровел анкетата.

„Речиси тројца, на секои четворица Американци или 74 проценти, велат дека им се допаѓа претседателот Обама лично. Но, на само 42 процента им се допаѓа неговата политика. Тоа е мошне голема разлика и се поставува прашањето што ќе биде пресудно за негов евентуален реизбор на наредните избори, однесувањето или политиката?“

Обама тврди дека дел од неговата економска политика, на пример, е одговорна за актуелниот позитивен тренд. Според најновиот извештај на Одделот за труд, нивото на невработеност во моментов е под девет проценти, најниско во последниве речиси две години.

„Тоа е напредок, но треба да продолжиме да градиме врз овој момент“, вели претседателот.

Рејтингот на американскиот лидер во однос на подобрување на пазарот на работна сила се подобри, според резултатите на анкети спроведени изминативе неколку месеци. Според политичките експерти шансите за негов реизбор практично зависат од напредокот во американската економија.

Аналитичарот Чарлс Кук за телевизијата Си-Спен изјави дека ситуацијата со работни места е особено битна со наближувањето на претседателската кампања во 2012 година.

„Тоа не значи дека републиканскиот кандидат не е важен, но изборите се воедно референдум за актуелниот претседател, број еден, а број два, луѓето гласаат согласно нивните економски интереси“, вели овој експерт.

Се очекува неколку претседателски кандидати од редовите на Републиканската партија наредните неколку месеци и официјално да влезат во трката, но засега кампањата се одвива со забавено темпо.

Забавеното темпо на кандидатурата за претседател од страна на републиканците некои демократи ја преведуваат како резултат на подобрениот рејтинг на претседателот Обама по најновите анкети. Сепак, многумина републиканци не го прифаќаат тој аргумент. Џон Фортие е политички научен соработник во Американскиот ентерпрајс институт.

„Претседателот се подбри од изборите наваму. Рејтингот е поголем. Но не треба да преувелучуваме. Секако дека претседателот е некаде во средина. Секако дека може да победи во моментов, може и да загуби, но тоа не ги плаши републиканците“, вели Фортие.

Републиканските групи од интерес и прелиминарни избори нема да започнат се` до почетокот на наредната недела, но неколкумина републиакнски кандидати уште годинава, почнувајќи од мај, закажаа политички дебати.

XS
SM
MD
LG