Линкови за пристапност

Обама Денот на Свети Патрик ќе го мине со ирски лидери


Обама Денот на Свети Патрик ќе го мине со ирски лидери
Обама Денот на Свети Патрик ќе го мине со ирски лидери

Претседателот Барак Обама ќе се сретне со ирски лидери кои се наоѓаат во посета на САД, во рамки на традиционалното одбележување на Денот на Свети Патрик.

Претседателот Барак Обама ќе се сретне со ирски лидери кои се наоѓаат во посета на САД, во рамки на традиционалното одбележување на Денот на Свети Патрик.

Претседателот во Белата куќа ќе биде домаќин на ирскиот премиер Брајан Ковен и ќе учествува на традиционалата церемонија на детелината.

Обама ќе се сретне и со Првиот министер на Северна Ирска, Питер Робинсон и Заменикот прв министер, Мартин Мекгинис.

Месецов законодавството на Северна Ирска одобри историски договор со кој се изврши трансфер на полицијата и органите против организираниот криминал од Лондон на Католичко-протестантската влада во Белфаст.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон гласањето го нарече „битен чекор во обезбедување на мирољубива и просперитетна иднина“ за сите жители на Северна Ирска.

Денот на Свети Патрик е празник во чест на светецот-заштитник на Ирска.

Десетици милиони Американци имаат ирски корени, од кои многумина допатувале во САД во 1840-те години за да ја избегнат општата глад во Ирска.

XS
SM
MD
LG