Претседателот Барак Обама и првата дама Мишел повикаа на обединет напор во справувањето со проблемот на силеџиство во и надвор од училиштата во САД.
Ученици, родители и први лица на непрофитни организации беа меѓу присутните на конференцијата во организација на Белата куќа, посветена на заштота од училишното силеџиството. Меѓу учесниците беше и Џо Саливан, првиот човек за безбедност од популарниот Интернет-медиум за дружење Фејсбук.
Претседателот истакна дека целта на конференцијата е да се отфрли митот дека силеџиството е само „безопасен, минлив период и неизбежен дел од созревањето“. Силеџиството може да има деструктивни последици за младите луѓе, рече Обама.
Тој изложи статистика дека една третина од учениците од основните и средните училишта велат дека искусиле силеџиство за време на учебната година, а речиси 3 милиони пријавиле дека биле турнати, влечени, сопнати или исплукани“.
Првиот човек на САД кажа дека силеџиството се проширило надвор од училиштата и ги следи жртвите на нивните телефони и комјутери. Тој ги повика родителите, учениците, наставниците и локалните заедници да преземат мерки за превенција и да создадат услови во кои сите деца ќе се чувствуваат безбедно.