Линкови за пристапност

Ахмадинеџад и Клинтон ќе зборуваат на нуклеарната конференција во Њујорк


Разговорите се фокусирани на исполнувањето и засилување на одредбите на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад се очекува да го брани ставот неговата држава да поседува нуклеарната програма, при обраќањето на отварањето на конференцијата за Договор за неширење на нуклеарно оружје.

Ахмадинеџад пристигна во Њујорк рано во понеделникот и се очекува да го претстави предлогот за промени во договорот како и да ги исмее напорите предводени од САД за воведување на нов пакет санкции врз неговата земја заради збогатувањето на ураниум.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во неделата сугерираше дека иранскиот лидер ќе се обиде да го оттргне вниманието од, како што кажа, неуспехот на неговата земја да се придржува на одредбите на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

Таа исто така ќе зборува на конференцијата во понеделник во седиштето на ОН во Њујорк.

Земјите потписнички на Договорот, вкупно 189, се собираат на секои пет години на разговори за исполнувањето и засилување на одредбите на документот, чија цел е прекин на ширењето на нуклеарното оружје.

XS
SM
MD
LG